Долго очекуваните вакцини против Ковид никако да пристигнат во земјава

Ништо важно не се случи денеска на граничниот премин Табановце, иако вчера Владата помпезно ја извести јавноста дека денеска напладне ќе пристигнат осум илјади дози вакцини од официјален Белград. Дури беа подготвени е протоколите за овој настан. Но, овој несуден свечен чин го наруши фармацевтската компанија „Фајзер“, која сè уште не ја овластила Србија да ги препродава своите вакцини за Македонија. Оваа формално -правна блокада е позната уште од времето кога српскиот претседател Вучиќ го вети овој подарок за премиерот Заев. Од Владата, повторно денеска излегоа со став дека техничките проблеми го спречиле свеченото прифаќање на првите дози.
Примопредавањето на контингентот е откажана поради технички проблеми. И двете влади се во постојана комуникација и информирани сме дека документацијата од Република Србија е целосно завршена. Во моментов, компанијата „Фајзер“ се очекува да издаде документирано одобрување до официјален Белград, а потоа примопредавањето на дозите ќе се реализира веднаш – велат од Влада на Република Македонија.
Се уште не се знае дали американските или кинеските вакцини ќе пристигнат првин кај нас, иако премиерот Заев најави дека од Пекинг на 16 февруари ќе пристигнат 200 илјади дози од компанијата „Синовац“. Тој пред неколку дена изјави дека и преку платформата Ковакс други дози на вакцини ќе пристигнат до крајот на март.
А англискиот јазик на Заев поттикна креирање на паралелна веб – страница за вакцинација на вториот ден од платформата „вакцинација.мк“ на која граѓаните можат да аплицираат за вакцинација. Министерството за здравство првично го оцени ова како сајбер напад. Откако полицијата го откри сторителот, тој признал дека пародијата е направена во позитивна смисла, бидејќи тој ја поврзал веб – страницата со оригиналниот домен. Инаку, од вчера на оваа онлајн платформа се пријавија над 25 илјади граѓани заинтересирани за имунизација.
Аднан Ќаили