ЕКОНОМИЈА

Долгот на општините кон компаниите расте, но фирмите не можат да го наплатат

Општините поштедени од плаќање на направените долгови кон фирмите. Стопанството алармира, долговите неможат да се наплатат дури и по отворена извршителска постапка, државата  итно да изнајде решение за овој проблем, бидејќи последиците ќе бидат големи.

Advertisements

Стопанството треба да добие алатка да си ги наплати побарувањата исто така ефикaсно како што може државата да си ги наплати своите побарувања.Компликациите се долгорочни, прво се влијае на ликвидноста на компаниите и на нивната долгорочност да регенирираат приходи“-изјави Благој Грозданов-  Сојуз на Стопански комори.

Од комората на извршителите велат дека проблемот е во различното толкување на законот за извршување

Ова се случува поради несоодветната примена на членот 218 од Законот за извршување. Судовите различно толкувајќи ја оваа одредба и во случаите кога не се исполнети законските услови, неводејќи сметка за интересите на доверителите донесуваат одлуки со кои најголем дел од приходите на општините се изземени од извршување“-истакна од Комора на извршители.

Имено во овој член од законот се наведуваат предмети и права кои неможат да бидат предмет на извршување за да се се наруши работењето на општината. Под предмети и права општините наведуваат одредена сума на парични средства потребни за непречена работа, па откако со судска одлука овие средства се заштитени извршителите чекаат подобри времиња за да може да ги наплатаат долговите кон правните лица.

Член 218 од Закон за извршување:

Врз предмети и права на Р.Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи.“

Во листата најзадолжени општини се најдоа Тетово, Охрид, Битола, и Куманово.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button