ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Долгот на Тетово намален од 14 на 8 милиони евра

Општина Тетово го намали долгот од 14 на 8 милиони евра, информираше градоначалникот, Биљал Касами. Тој нагласи дека долгот е намален благодарение на доброто управување со финансиите на општината, демантирајќи дека тоа било резултат на пари добиени од Министерството за финансии.

Advertisements

„Првиот вицепремиер, па и другите експоненти на Владата се обидоа да ја дезинформираат јавноста оти Владата ѝ помага на Општина Тетово, но тоа не е така. Напротив, како и во многу други случаи, Владата спречи реализација на своја законска обврска. Со овој инструмент општината ја кредитира Владата, односно ја финансира Владата, бидејќи тоа е вториот анекс на договорот потпишан со Владата, кој ги одредува стапките што општината ѝ ги плаќа на Владата секоја година. Предвидено е во рок од 10 години, општината секоја година да плаќа една десетина од инструментот од 4 милиони евра на Владата, односно годишно по 400 илјади евра“, рече Касами.

Касами додаде дека по намалувањето на долгот, главен фокус сега се става на преостанатиот долг кој е во фаза на извршување бидејќи за него каматата е висока.

„Она што е најприоритетно е делот на извршителите кој е наша главна грижа бидејќи сите обврски кои се во извршување за нив плаќаме камата од 12%. За еден милион евра плаќаме над 100.000 евра казнена камата“, додава Касами.

Во преостанатиот долг, најголем дел се долгови од поранешниот претседател на Советот и советниците од поранешниот општински состав кои за неисплата на плати и други давачки против општината отвориле постапки пред извршители, па овој долг сега треба да се врати со висока камата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button