СПОРТФУДБАЛ

Домаќинот на следното Европско првенство одигра само 2-2 против Мексико

По дебито со победа над САД, Јулијан Нагелсман го имаше првото разочараување како селектор на Германија. Домаќинот на следното Европско првенство одигра само 2-2 (1-1) против Мексико во возбудлив натпревар во Филаделфија. Германците први постигнаа гол и преку Рудигер поведао со 0-1, но пред крајот на полувремето Антуна израмни на 1-1.

Advertisements

Во вториот дел Мексико прв зададе удар и преку Санчез го презеде водството, но Фулкруг повторно се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 2-2.

Ноќва, на американско тло се одигра уште еден натпревар, на кој домашната селекција беше убедлива против Гана. САД на крај славеше со 4-0, а интересно е тоа што сите гола ги постигна во првото полувреме. Головите на САД ги постигнаа Рејна (2), Пулишиќ и Балоган

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button