ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Домаќинства во с. Грчец живеат без канализација, јавно осветлување и асфалтирани патишта

Жителите на улицата 1 во Грчец кај Сарај се крајно загрижени поради тоа што патот е во многу лоша состојба. Не е регулирана, нема канализација и осветлување. Немањето на осветлување уште повеќе ја зголемува нивната загриженост затоа што кога децата се враќаат од училиште ноќе или кога самите се враќаат дома, се во опасност бидејќи покрај патот тече реката, а на страните на патот нема заштитна ограда. Немањето осветлување ги загрозува уште повеќе.

Advertisements

Жителите велат дека патот во оваа состојба пречекал и испратил многу градоначалници кои не се потрудиле да направат и најмала инвестиција. Жителите сега собраа потписи кои ги доставија до Општината Сарај, но како што велат, не им биле ветени конкретни решенија.

„Јас тука живеам околу 14 години и овој пат е во оваа состојба. Сите се пожаливме, но ништо не е сторено. Канализацијата ја донесоа до пола пат“.

„Еве, самиот ја ископав и ме чинеше околу илјада евра. Тие велат – ќе се направи, ќе се направи – Бог знае кога ќе се направи. Погледнете како е, како за жаби да е“.

„Плаќаме за јавно осветлување, но немаме осветлување. Самите се качуваме на бандерите за да поставиме ламби. Патот е во катастрофална состојба. Го фрлаат по улиците она што го работеле по куќите, се создава косина и целата вода ни влегува во подрумот. Сите се жалиме, но залудно. Двапати се превртеа автомобили таму“.

Алсат побара став од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, но тој не ни одговори. Инаку со општината Сарај, на чија територија е и селото Грчец, со години раководат кадри на ДУИ.

Еви Шкопи

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button