ВЕСТИЗДРАВСТВО

Домашна маска за нега на лице во зимските денови


Ладното време влијае лошо на нашата кожа, особено на кожата на лицето.
Затоа потребно е редовно да ја негуваме и да ја заштитиме со маска од природни состојки.

Како да го заштитите лицето во зима?

Една од маските која ќе ви помогне да ја сочувате убавината и да ја заштитите кожата се прави многу едноставно.

Се што ви е потребно е да измешате една лажица маслиново масло, додадете жолчка и на крај 30 гр. млеко во прав.

Добро измешајте додека не добиете густа смеса што наликува на паста.

Смесата нанесете ја на измиено, чисто лице, нанесете ја маската во лежечка положба за да не ви се разлее.

Над маската ставете чиста газа или тенка памучна крпа. По половина час измијте го лицето со ладна вода и нанесете хидратантна крема.

Уште по првиот третман ќе забележите колку е меко и чисто вашето лице.
Оваа маска е одлична особено во зимскиот период, бидејќи ја спречува појавата на фини линии предизвикани од ладниот воздух кој ја суши и испукува кожата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button