ЗДРАВСТВОМЕТРОПОЛ

Домашните миленици им помагаат на луѓето кои патат од депресија

Веќе е познато дека домашните миленици, особено кучињата и мачките донесуваат благосостојба за менталното здравје на нивните сопственици. Поради тоа сите овие животни се користат за лекување на пациенти заболени од ПТСП или анксиозност.

Новата студија, спроведена од страна на португалски психијатри потврдува дека мачките и кучињата можат во голема мера да ја олеснат тешката депресивна состојба на која не делува конвенционалната терапија.

Во истражувањето кое е објавено во списанието Journal of Psychiatric Research, психијатрите проучувале 33 пациенти кои имаат дијагноза на клиничка депресија (TR-MDD). Нив, лекарите ги советувале да вдомат домашен миленик.

Тие почувствувале подобрување на симптомите после само 12 недели, а кај една третина состојбата толку многу се подобрила, што веќе не покажувала никакви симптоми. Кај оние кои не вдомиле миленик не е забележано подобрување.

Д-р. Мота Переира и Фонте избрале пациенти кај кои состојбата не се подобрувала ни после 9 до 15 месеци од лекувањето кое вклучувало терапија и земање на антидепресиви. Им препорачале да вдомат домашен миленик, но не им кажале дека целта е борбата против нивната депресија.

Осумнаесет пациенти вдомиле по едно куче, седум по една мачка а останатите седум по две кучиња. 47 пациенти одбиле да вдомат миленик, а лекарите меѓу нив избрале 33 лица кои ќе ги контролираат.

Следните 12 недели сите пациенти продолжиле со лекувањето. Меѓутоа, лекарите кај пациентите со миленици веќе во претходните 4 недели симптомите на депресија почнале да се намалуваат.

Авторите сметаат дека кучињата шружаат додатни добра бидејќи ги приморуваат луѓето на физичка активност и учество во разни социјални ситуации.

Пациентите поради депресија често не можат да уживаат во своето хоби, активности или дружење. Меѓутоа, експертите нагласуваат дека домашните миленици не се лек, а подобрување ќе се почувствува само кај лица кои сакаат животни и кои имаат доволно време, но и пари за да се грижат за нив.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button