СВЕТ

Доналд Трамп и Џозеф Бајден се најстарите претседателски кандидати во американската историја

Доналд Трамп и Џозеф Бајден се најстарите претседателски кандидати во американската историја

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска полни 78 години, што според Ројтерс би требало да значи дека двајцата кандидати на претстојните избори се најстарите кандидати во американската историја.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Американците се позагрижени за возраста на актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, кој има 81 година, иако Трамп е само три и пол години помлад и доколку добие втор мандат, ќе да биде најстариот претседател што ќе биде инаугуриран.

Трамп за време на предизборната кампања не ги споменува годините на Бајден, туку, како што пренесува споменатата агенција, се обидувал да ја искористи секоја вербална грешка на противникот, како и бавното одење на Бајден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button