СВЕТ
Доналд Трамп примил и кислородна поддршка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, добил дополнителен кислород во Белата куќа пред да биде пренесен во воената болница.
Тоа се случило неколку часа по потврдата дека е заразен со коронавирус.
Неименуван извор запознат со состојбата на Трамп потврдил дека американскиот претседател добил дополнителен кислород во Белата куќа и дека некои од неговите витални индикатори во претходните 24 часа биле „многу загрижувачки“.
Лицето додало дека следните 48 часа ќе бидат од клучно значење кога станува збор за здравјето на Трамп.
Претходно денес, докторот на Трамп, Шон Конли одби да одговори на повеќепати поставеното прашање дали на претседателот на Соединетите држави некогаш му е даден дополнителен кислород.