
Џанлуиџи Донарума, изјави дека тимот се променил во позитивна насока откако си замина ѕвездата Килијан Мбапе минатото лето. Во среда навечер, Французите го елиминираа Арсенал и ќе играат во финалето на Лигата на шампионите.
Донарума беше еден од хероите на мечот, откако одбрани неколку тешки удари, особено при 0-0, по што ПСЖ потоа дојде до 2-0, и си го отвори патот до финалето.
„Нашиот менталитет се промени, сега сме подобар тим. Ни недостига Килијан Мбапе, тој е еден од најдобрите играчи во светот и одличен пријател. Тимот на ПСЖ стана многу посплотен, се чувствуваме многу добро заедно. На овој начин го освоивме Европското првенство со Италија , ова е важно за сите тимови“, рече Донарума по победата од 2-1 во полуфиналниот реванш.
Во борбата за трофејот, „Светците“ ќе се соочат со Интер во Минхен на 31 мај.