
Лука Дончиќ имаше симултанка на мечот со Атланта во победата на неговиот тим од 148-143 постигнувајќи дури 73 поени. Така постави и свој и клупски рекорд. Дончиќ ги сруши сопствените рекорди, откако против Њујорк Никс во 2022 година постигна 60.
Но, Словенецот веќе на полувреме имаше скор за историја. До крајот на првиот дел постигна дури 41 поен, за уште еден личен рекорд и рекорд на Далас. Така го симна од првото место легендарниот Дирк Новицки кој го држеше рекордот со 34 постигнати поени за полувреме.
Дончиќ до крајот на мечот ја одигра четвртата најефикасна партија на еден играч во историјата на НБА. Единствени кои се над него се Вилд Чемберлејн со 100 и 78 и Коби Брајант кој постигна 81 поен. Словенецот имаше дури 75% успешност за шут од игра./ekipa.mk/