
Лука Дончиќ имаше одлично враќање на терените по кратката пауза поради повреда, со 33 поени, 13 скокови и 10 асистенции, но немаше поддршка од останатите играчи на Далас против Лос Анџелес Лејкерс.
Освен во воведните минути, Лејкерс ја имаше предноста во остатокот од мечот, во еден период разликата изнесуваше 24 разлика, беше 106-84. До крајот го задржаа водството за конечна победа од 127-110.
Во составот на Лејкерс се истакна Расел со 29 поени, Ентони Дејвис имаше одлична партија и му недостасуваше само уште една асистенција за трипл-дабл, постигна 28 поени, имаше 12 скокови и девет асистенции. Леброн додаде 25 поени.