
Лос Анџелес Лејкерс го совлада Далас Маверикс со 107-99, во првиот меч на Лука Дончиќ против својот поранешен тим, откако беше трејдуван во Лејкерс.
Словенечкиот кошаркар среќен си заминува од „Крипто Ком Арената“ бидејќи забележа победа и трипл-дабл. Дончиќ одигра 35 минути, постигнувајќи 19 поени, 15 скока, 12 асистенции и украдени три. Словенечкиот интернационалец шутираше шест од 17 од поле, а погоди само еден од седум удари од три.
Најефикасен кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 27 поени, Остин Ривс додаде 20, а Хачимура имаше 15. Интересно, ниту еден од клупата немаше двоцифрен број поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Бостон 101-111
Орландо – Кливленд 82-122
Хјустон – Милвоки 100-97
Мемфис – Феникс 151-148 (по продолженија)
Њу Орлеанс – Сан Антонио 128-92
ЛА Лејкерс – Далас 107-99