ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во Владата помина предлог законот за финансиска поддршка

Нема да се прават нови платежни картички. Парите за купување на македонски производи Владата ќе ги префрла на трансакциските сметка на граѓаните. Владата го усвои Законот за финансиска поддршка со кој околу 300 илјади граѓани ќе добијат по шест илјади денари, пари за купување на домашни производи. Вкупната сума кој е предвидена за оваа мерка изнесува 26 милиони евра.

Advertisements

Дилеми:

Што ако лицето нема сметка или му е блокирана?
Кој ќе го следи трошењето на парите?
Што доколку на сметката има други пари со кои сака да купи странски производи?
Како ќе се знае кои средства ги троши?

Одлуката, парите да се префрлаат на трансакциски сметки, а не повторно да се изготвуваат наменски платежни картички, отвори неколку дилеми. Што во случај ако лицето нема сметка или му е блокирана? Кој ќе го следи трошењето на парите? Како ќе се знае дека државната помош е искористена за купување на домашни производи? Што доколку на сметката граѓанинот има и други пари со кои сака да купи странски производи? Како ќе се знае кои средства ги троши? Од Министерството за финансии само ни посочија дека приливите и одливите од трансакциската сметка можат да се следат преку известувањата или извештаите од банка.

„Доколку сметката им е блокирана ќе им се отвори нова потсметка преку која ќе можат да извршуваат плаќања. Средствата нема да можат да се извадат од сметката, односно ќе можат да се користат само за купување домашни производи“, наведуваат од министерството за финансии.

Алсат побара објаснување и од Македонската банкарска асоцијација, зошто овој пат нема да се прават картички? Одговор не добивме одговор. Сметаат дека уште е рано да коментираат.

Со претходниот пакет на економски мерки владата подели околу 300 илјади платежни картички на кои имаше по шест илјади денари за купување на македонски производи. Добар дел или околу 50 илјади останаа неподелени, бидејќи граѓаните не ги подигнаа.

По шест илјади денари според планот ќе добијат, пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа и пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште, деца без родители.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button