Донфрид: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и оти земјата ги завршила сите неопходни реформи за пристапување во Унијата. Како што рече таа, САД ги поддржуваат аспирациите на нашата земја и очекуваат што е можно поскоро отворање на почетните преговори со С Македонија и со Албанија.
„САД силно ги поддржуваат вашите аспирации и посакуваат одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Завршивте тешки задачи исполнувајќи ги потребните реформи и заслужувате брзо да напредувате. Веќе сме кажале и ќе повториме: иднината на Северна Македонија е во ЕУ. Вашето пристапување ќе придонесе за поголема стабилност на Балканот и поголем просперитет на Европа“, рече Донфрид.