ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница

Собранието денеска треба да одржи ја 48. седница, како и продолжение на 47. Дополнетиот предлог на закон за енергетика, во второ читање,  е на дневен ред на 48. седница на која ќе се одлучува и за Предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Advertisements

За предлог законот за енергетика во текот на комисиската расправа беа прифатени 61 амандман од пратеници од сите пратенички групи. Главни придобивки од законот, според Министерството за енергетика се либерализиран, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, што ќе значи поголем избор и пофер цени за потрошувачите, како и воведување на паметни броила, што овозможува  прецизно мерење на реалната потрошувачка на електрична енергија и увид на  крајниот потрошувач во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа. Исто така, поддршка за нови концепти како граѓански енергетски заедници и модели на активно управување со побарувачката, зголемена пазарна ликвидност и пристап до повеќе извори на снабдување за стопанството и подеднаква можност за инвестиции на сите и инфраструктурна стабилност, преку инвестиции во системи за складирање и дигитализација на системите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button