СПОРТ

Дополнителен филтер на допинг контрола за кинеските пливачи

Кинеските пливачи кои ќе патуваат на Олимписките игри во Париз ќе минат низ дополнителен филтер на допинг контрола.

Advertisements

Сите претставници на Кина ќе бидат тестирани најмалку осум пати пред стартот на Игрите. Причината за тоа е фактот дека во кинеската делегација ќе има 11 спортисти кои во 2021 година беа позитивни на забранет лек за срце, непосредно пред Олимписките игри во Токио. Поради тоа сега ќе бидат мета на дополнителна контрола.

Сите најавени тестови на Кинезите ќе бидат направени пред отворањето на Олимписките игри на 27 јули. Потоа за време на Игрите тие како и останатите спортисти можат да бидат мета на ненајавени допинг тестови во секое време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button