ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Досега 30 македонски државјани го напуштија Израел, евакуација чекаат уште 100

Министерството за надворешни работи информира дека преку различни транспортни канали, уште десет македонски државјани го напуштија Израел, и тоа: четири со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул. Заедно со оние кои претходно го сторија тоа, вкупната бројка македонски државјани кои во изминативе два дена го напуштија Израел, надмина 30.

Advertisements

Македонската во Тел Авив, во тесна координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни активно работат на враќање на уште 100 наши државјани, кои побарале помош во напуштањето на Израел, и кои во најголем дел се наоѓаат на безбедни локации.

Еден дел од нив веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција.

Дел се наоѓаат во подрачја кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни, за што веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Меѓу нив се и двајца наши државјани во Појасот Газа, за чие извлекување е задолжена Македонската амбасада во Каиро, која е во директна комуникација со Министерството за надворешни работи на Египет.

Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел престојуваат до 200 македонски државјани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button