Доцнење на реформските закони во администрацијата и правосудниот систем, констатира „Социетас цивилис“

Доцнење на реформските закони во администрацијата и правосудниот систем констатира шефот на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Марко Трошановски и бара забрзување на некои постапки. Тој вели дека, сепак, факт е дека земјата е добро ценета во однос на подготвеноста за реформи.
Овие реформи ќе бидат важни за земјата да може да ги искористи средствата од планот за раст во следните четири години. Трошановски вели дека институциите треба да имаат готови проекти во моментот кога Европската унија ќе ги исплати средствата.
Овие оценки Трошановски ги изнесе на крајот од првиот конститутивен состанок на меѓупартиската парламентарна група за следење на спроведувањето на Берлинскиот процес и Реформската агенда. Групата ја сочинуваат повеќе партии, а претседател е пратеникот Антонио Милошоски. Коментирајќи ги можните гаранции од ЕУ пред уставните измени, Трошановски вели дека е јасно дека преговарачката рамка нема да се промени, но дека условите под кои земјите преговараат можат да се променат. Тој забележува напори да се создадат такви гаранции со различни механизми, но за тоа да се случи сега, шансите се мали.
Фатлуме Дервиши