ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Дождот е проблем за растенијата, но барем ги наполни резервоарите со вода
Дождот е проблем за растенијата, но барем ги наполни резервоарите со вода

Речиси три пати повеќе дожд од месечниот просек за овој период од годината наврна оваа пролет, велат експертите. Според агрометеоролог Ангелко Ангелески, влажноста заедно со пониските температурите потпросечни за овој период од годината, стануваат проблем за земјоделските култури.
Овие временски услови ќе го пролонгираат созревањето на житариците за 5 до 10 дена, а доцнење има и кај тутунот и другите култури кои растат на отворено.
Според Ангелески, овие врнежи се поволни за полнење на резервоарите за вода кои до март беа речиси празни. Тој смета дека се чини оти е надминат ризикот од суша ова лето.
Ајнур Бафќари