Дождот кој непрекинато врне со денови сее страв на Шар Планина

И покрај обилните дождови кои траат веќе неколку дена, овде на падините на Шара, ситуацијата со водите е мирна. Најкритичната точка, овде во селото Шипковица беше токму коритото на оваа река, чие ниво е сè уште ниско, меѓутоа, жителите се загрижени, бидејќи секој дожд, поради нерешавање на проблемот, создава траума за жителите, враќајќи ги во 2015 година, кога некои луѓе ги загубија животите од поплавите.
Многу сме загрижени поради дождот, не ги санираа каналите што требаше да ги направат. Воопшто не работеа. Фактот што се исчистени, проблемот не е решен. За да се реши проблемот, коритото мора да се санира. Треба да се прошири, дефинитивно треба да се изгради брана над селото. Тоа е решението.
Се плашиме, но што да кажам, тоа е од Бога. Но, оние коишто преземаа иницијатива да се изгради, еднаш на секои шест месеци, годишно, потоа две години, ништо не беше направено. Проблемот воопшто не е решен.
За разлика од Шипковица каде барем речните корита изгледаат чисти, во Порој сликата е поинаква.
Речното корито е полно со ѓубре, а може да се види и бела техника, како и вреќи со шут и ѓубре и тоа токму на места каде што во минатото доаѓало до излевање.
По поплавите во 2015 година, токму за речното корито кај селото Порој, Владата вети многу, почнувајќи од изградба на каскади, изградба на заштитни брани, проширување на коритото, меѓутоа, досега ништо не е направено, освен делумно чистење.
Bashkim Suljemani