ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дождовите го вратија стравот кај жителите на тетовските села од можни поплави

Последните дождови ја зголемија количината на вода во реките. На некои критични точки каде имаше поплави двапати за пет години, земјата започна да се лизга. Ова го зголеми стравот кај жителите, особено на Шипковица, Порој и долниот дел од Тетово.

Во Шипковица, особено во населбата Порој, не е поместен ниту еден камен за да се заштитат жителите од поплави. Во ова село сè уште не се санирани штетите од поплавите од 2015 година, а има жители кои сѐ уште не се обештетени од државата.

“Не направија ништо. Опасно е. „Доаѓаат, мерат секоја година, но не прават ништо“…

„Од поплавите сè уште ја имам почвата во мојата ливада. Не е исчистено добро”…

“Навикнати сме, нема што да правиме. Гледате, нема интервенција, остана како што беше, ништо не е сторено. Остана катастрофа, од 2015 година не е направено ништо“, реагираат жителите.

Коритата сѐ уште не се целосно исчистени по поплавите од 2015 година. Од општина Тетово велат дека се во фаза на проценка на ризикот од поплавување.

„Нашата соработка со УНДП чекори главно кон проценка на ризик. Веруваме дека во временска рамка во рок од една година со крајот на сите јавни дебати ќе успееме да го усвоиме“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Врнежите во последните два дена, го блокираа патниот правец Маврово-Дебар. Стотици жители останаа блокирани, додека десетици села од Дебар и Центар Жупа останаА без електрична енергија. Во текот на денешниот ден, овој пат е исчистен, додека за некои села се очекува приклучување на електричната енергија.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button