ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Дозволете да утврдиме точна одговорност, нема да биде како претходни настани, им рече Тошковски на новинарите

МВР во координација и соработка со ОЈО работи чекор по чекор за расчистување на причините за трагедијата во Кочани, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција.
„Во соработка и координација сме со ОЈО, побарана е помош и од Вишото јавно обвинителство од Штип. Ќе работиме чекор по чекор во насока на расветлување на овој случај…“, рече Тошковски.
Тој побара трпение и воздржаност, нагласувајќи дека истрагата ќе биде соодветно и целосно спроведена.
„Дозволете да ја завршиме истрагата како што треба, се што е потребно да се преземе како дејство ќе го преземеме… дозволете да утврдиме точна одговорност…нема да биде како претходните настани, ве уверувам“, рече Тошковски.