ДПИ ги контролира само цените на производите опфатени со владината одлука за посебни услови

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) не надлежен за контрола на сите малопродажни цени на производите, а единствено може да врши контрола на продажните цени на артиклите коишто се опфатени со владината одлука за посебни услови во трговијата. Запрашана дали некои трговци би можело да ја злоупотребуваат актуелната криза и да прават нереално поскапување на производите, директорката на ДПИ, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, вели:
„Имаме законска можност за контрола на само на цените на производите коишто се вметнато во одлуката на Владата, за посебни услови во трговијата на одредени стоки, што значи дека единствено може да ја контролираме висината на маржата, согласно тоа и цената на производите само коишто се ставени во одлуката на Владата, а не и останатите производи“, рече Симовска.