ДПИ кажа колкави се казните за непочитување на одлуката за замрзнување на цените

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ја соопшти висината на глобите за трговците коишто нема да ја почитуваат владината одлука за замрзнување на цените на дел од прехранбените артикли. Како што кажа Анета Симеска Димоска, директорка на ДПИ, трговците се информирани за мерката и одлуката веќе е објавена во Службен весник.
„Ако трговците, коишто се веќе информирани и ги знаат сите детали, не ја почитуваат одлуката секако дека ќе се соочат со мерки коишто ќе бидат преземени. Согласно законот предвидени се казнени мерки коишто се во зависност од големината на трговецот, тоа се глоби кои за микро трговец се движат од 800 – 1 000 евра, за мал од 1 600 – 2 000 евра, за среден од 3 000 – 6 000 и од 7 000 – 10 000 евра глоба за голем трговец“, рече Димоска.