
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казнил и пломбирал уште пет маркети ширум земјава кои не ја испочитувале одлуката за ограничување на цените на дел од прехранбените производи за кои Владата одлучи дека ќе се продаваат по „гарантирана цена“ до 30 ноември.
За ова на својот профил на Фејсбук синоќа информира првиот човек на Пазарен, Горан Трајковски.
„Казнети се и затворени пет маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово“, пишува Трајковски на Фејсбук.
Во објавата на Фејсбук, директорот на ДПИ потенцира дека инспекторите нема да прават компромис ниту селекција кога, како што вели, е во прашање интересот на граѓаните.