РАКОМЕТСПОРТ

Драгунас, прва пречка за Алкалоид во Европската Лига

Ракометен суперлигаш Алкалоид ги започнува настапите во Европа. Тимот предводен од Кирил Лазаров оваа сезона ќе игра во ЕХФ Купот, каде тргнува од второто коло и против себе има ривал од Литванија.

Advertisements

Драгунас Клаипеда е првата пречка за „сините“ од Автокоманда, во втората европска сезона во историјата. По ланскиот настап во Европската лига на ЕХФ, каде ја забележа првата европска победа и ги освои првите бодови со шпанска Ла Риоха, клупското раководство реши да го пријави клубот во третото по ранг натпреварување на ЕХФ.

Инаку, Драгунас Клаипеда е тим кој игра на висок број на постигнати голови, а во своите редови има тренер од Шпанија, кого го донесе оваа сезона. Се работи за екипа составена од неколку странски имиња, како и литвански репрезентативци. Алкалоид ја има фаворитската улога на првиот натпревар, но тренерот Лазаров најави дека нема да се лета во облаци, туку ќе се остане цврсто сталожен на земја и ќе се стреми на победа со паметна игра пред реваншот во Клаипеда.

Ќе ги има Алкалоид сите планирани играчи на располагање, а во европскиот дуел влегува во одлична форма – има седум победи на седум натпревари во Суперлигата и е единствениот тим со максимален учинок во Македонија. Натпреварот меѓу Алкалоид и Драгунас Клаипеда стартува од 19:00 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button