ВЕСТИСВЕТ

Драма во Црвеното море – Потона брод со туристи, во тек голема потрага по десетици луѓе!

Десетици туристи се водат како исчезнати откако брод полн со туристи потона крај брегот на Египет.

Advertisements

Според „The ​​Mirror“, се верува дека бродот „Sea Story“ потонал во близина на популарната нуркачка дестинација Шааб Сатајах, во близина на туристичкото место Марса Алам.

Изутрината околу 5:30 часот, член на екипажот го вклучил алармот, а крајбрежната стража веднаш била испратена во спасувачка операција. По преживеани трагаат и хеликоптери и египетската морнарица.

Според првичните информации, патниците биле на повеќедневно нуркачко патување во Црвеното Море. Бродот испловил од пристаништето Галиб во Марса Алам во неделата, а во петок требаше да пристигне во марината во Хургада.

На бродот имало 31 турист од различни националности, како и 14 членови на екипажот.

Амр Ханафи, гувернерот на регионот на Црвеното Море, рече дека некои го преживеале потонувањето, но нема дополнителни детали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button