ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Драматично е опаднато нивото на водата на Охридското Езеро

Драматично е опаднато нивото на водата на Охридското Езеро

Алармантна станува состојбата со Охридското Езеро. Нивото секојдневно опаѓа за најмалку еден сантиметар, и е на само два сантимeтри до биолошкиот минимум и изнесува 693,12. Цели делови во крајбрежниот појас се на суво, а формирани се и помали островчиња. Сопствениците на пловни објекти велат дека нема каде да ги паркираат ниту своите бродови.

Advertisements

„Ова е навистина нешто невидено.Дали има некој кој воопшто се грижи за државата и езерото. Ова е невидена катастрофа. Погледнете колку е нивото на езерото опаднато, речиси едно метро. Сигурно ќе има некакви последици. Пред неколку години исто вака падна нивото на езерото, па потоа имавме 2000 земјотреси“, рече еден бродар.

„Сушна година беше, долго лето, може да е и природно ова.И браната да е отворена, неможе толку да се намали.И други години била отворена браната.Тука сега неможеме да се паркираме, каде што се паркираме редовно“, додаде друг бродар.

Охриѓани и туристите кои секојдневно поминувајки по градскиот кеј, со загриженост гледаат кон езерото.

„Ова е срамота.Одеднаш се пушта и водата преку Црн Дрим. Надлежните органи треба да поведат грижа, луѓето и странците шетаат тука и ова е срам за државата.Се играат со неговото ниво, а го сметаат најдоброто и најчистото езерото“, изјави еден граѓанин.

Експертската јавност и еколозите со години повикуваат езерото да не се користи како вештачка акумулација за добивање на струја. Алармираат дека постојаните осцилации и играње со нивото на езерото најмногу се одразува врз живиот свет во него. Но од Електрани на Македонија велат дека ја одржуваат котата на просечно ниво.

„Водиме сметка за минималната кота која изнесува 693.10 м.н.в и нема да дозволиме таа да се надмине. Токму поради сушниот период, подолго време, испустот на вода од Охридско Езеро на вливот на реката Црн Дрим е на ниско ниво. Во моментов, од испустот истекуваат само 3 кубни метри во секунда, што е количина исклучиво за обезбедување на потребниот биолошки минимум“, велат од ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Од ЕСМ рекоа дека во 2023 година година, Охридско Езеро учествувало со 3,65% од вкупното домашно производство на електрична енергија, додека заклучно со септември оваа година, учествувало со 2,86% од вкупното домашно произвдство на струја./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button