Драстичниот пад на сточниот фонд ја прави Македонија зависна од увоз на месо
Драстичниот пад на сточниот фонд ја прави Македонија зависна од увоз на месо

Македонија од ден на ден станува сериозно увозно зависна не само од земјоделски производи, туку и од месо. Драстичниот пад на сточниот фонд е причина што македонските граѓани јадат месо од увоз и тоа од далечни дестинации како што се Тајланд и Бразил, па граѓаните стануваат се поскептични какво месо и со каков квалитет јадат. Експертите сметаат дека состојбата со бројот на добиток станува се по загрижувачки.
„Сточниот фонд се повеќе се намалува. За говедско месо сме увозно зависни не само ние, туку и напшата околина. Бразил е производител на говедското месо, а и пилешкото месо доаѓа од Бразил. Ние свинско место неможеме само за свежа потрошувачка да го потрошиме, а не пак за индустриски капацитети. Значи се се увезува кај нас. Ние немаме суровина за производство на преработки од месо. Јагнешкото месо се помалку веќе го одгледуваат, а сме биле познати по тоа“, рече Александра Силоска Николоска-професорка на Земјоделски факултет.
За да работите се променат, потребно е државата да се насочи кон зголемување на сточниот фонд препорачуваат експертите. Но за тоа е потребна здрава државна стратегија.Но и овде има голем проблем.
„Веќе знаете градовите ни се празнат, а не селата. Кој би одлгедувал. Така да тоа е некоја повисока стратегија, која државата треба да си ја определи“, рече Александра Силоска Николоска-професорка на Земјоделски факултет.
Македонија последните години 70% од потребите за храна, особено на земјоделските производи ги задоволува од увоз.
„Тоа е малку повисока политика и би рекла можеби лоша државна стратегија, но сега мислам дека во иднина тие бројки би се намалувале. Од онаа ера пред корона кризата и после корона пандемијата, свеста малку се разбуди и видовме дека имаме услови за да произведеме, здрава и безбедна храна. Се поголем е интересот кај младите да работат овде кај нас и да се занимваат со сопствено производство, каде таа стапка и тој процент на увезено би го намалиле, бидејки имаме одлични услови за производство кај нас“, рече Биљана Ристаќоска Ширговска-професорка на Факултет за земјоделски науки и храна.
Македонија во минатото значаен производител на храна, но денес од Србија се снабдуваме со млеко и брашно, од Албанија ни доаѓаат домати и краставици. Земјоделски производи се увезуваат и од Грција и Турција, Во меѓувреме големи земјоделски површини кај нас остануваат необработени./Алсат.мк
Мики Трајковски