Дрога, проституција, трговија со луѓе и перење пари се делата за кои се товари криминална група вчера беша сузбиена од страна на полицијата
Дрога, проституција, трговија со луѓе и перење пари се делата за кои се товари криминална група вчера беша сузбиена од страна на полицијата

Сите уапсени ден претходно во Тетовскиот регион и Охрид завршија во притвор. Судот ги прифати предлозите на Обвинителството за организиран криминал за 14 притвори, од кои еден е во бегство. Пред мерката притвор, полицискиот инспектор кој бил дел од криминалната група е суспендиран.
Пред неколку дена во Тетово беше уништена група која, според полицијата, била недопирлива цели 20 години. Беа извршени рации во барови и казина, а запленети се пари и наркотици.
Сузбиената група била основана и добро организирана од 35-годишен маж од село Боговиње за кој, според телевизија Алсат, се сомничи дека е лицето со иницијали Х.А., потпомогнат од неговиот брат А.А. како и виш инспектор во тетовската полиција од истото село со иницијали Ф.Џ. Групата дејствувала во повеќе сфери во Полошко и во неколку други градови во земјава, меѓу кои и организација на стриптиз клубови, казина, ноќни клубови, трговија со наркотици преку производство и пуштање на пазарот, како и проституција. Проституциската дејност главно била концентрирана во Охрид во казиното СТАР, каде при рациите биле затекнати и неколку странски државјани.
Во Тетово функционираат неколку казина, стриптиз клуб и ноќен клуб со жива музика, но според информациите на телевизијата Алсат, освен овие бизниси, основна нелегална дејност на групата била и трговијата со наркотици. Покрај редовните консументи, наркотици давале и девојки вработени во ноќни клубови и оние кои служеле за проституција, кои според полицијата се главно од Украина, Молдавија, Русија, Србија и Албанија. Според извори од полицијата, девојчињата иако престојувале и работеле без регулиран правен статус, тие слободно се движеле како во полошките села каде што работеле, така и во градовите Тетово и Охрид.
Според истражните органи, членовите на организираната криминална група им биле познати на органите на прогонот а во нивните досиеја има и многу други кривични дела за кои во тековнава постапка се очекува проширување на истрагата./Алсат,мк
Башким Сулејмани