ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Дрон или авион? Летало доцна синоќа се урна во Загреб, пронајдени и падобрани

Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушнал во Загреб, во населбата Јарун, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата, а очевидци тврдат дека слушнале и експлозија, пренесуваат хрватските медиуми.

Индекс“, повикувајќи се на добро упатени извори, јави дека според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се два падобрана.

Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека слушнале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е увид.

Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button