ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Државата допрва ќе формира комисија за кризата со струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска нема да го испрати барањето за прогласување кризна состојба во енергетиката. Иако вчерашните најави беа такви, Министерството за економија допрва ќе составува комисија која ќе анализира и одлучува дали има потреба за прогласување на криза. До крајот на денов, Регулаторната комисија, енергетските компании и Владата ќе треба да одредат претставници за оваа нова комисија. Веќе утре таа ќе треба да одржи состанок и на него да биде одлучено дали во Македонија има криза за електрична енергија. Информациите од економија до кои денеска дојде Алсат се дека дури во вторник министерот за економија Крешник Бектеши ќе предложи на владина седница прогласување на кризна состојба, па потоа Владата ќе го разгледува тој предлог.
„Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот сектор постојано имаат состаноци и будно се следи состојбата на електро-енергетскиот сектор во државата“, велат од Министерство за економија.

Advertisements

Според министерството, согласно Уредбата што ја донесе Владата, ќе може да се спроведат разни мерки вклучително и директена исплата на пари од буџетот за државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО.

Прогласувањето на кризна состојба во енергетиката е со единствена цел, енергетските компании да добијат дел од парите резервирани за Ковид програмата. Станува збор за фонд вреден речиси 100 милиони евра. Од Владата денеска не добивме одговор дали има план за што ќе се трошат овие пари? Дали со нив ќе се набавува струја, ќе се купува јаглен, ќе се користат за плати на вработените или за некоја друга намена?

Во емисијата Економски Магазин на Алсат, од МЕПСО соопштија дека итно им се потребни 30 милиони евра, а директорот на оваа државна компанија, Куштрим Рамадани потврди дека моменталната загуба во енергетскиот сектор во земјава надминува 150 милиони евра. И покрај овие фрапантни тврдења, во предлог-буџетот за идната година Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека не се предвидени пари за покривање на трошоците на енергетските компании направени во овој кризен период. А, токму тие трошоци се главниот основ за формирање на новата цена на струјата за домаќинствата по Нова Година.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button