ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата две децении ветува регионални депонии, но уште нема ниедна

Државата две децении ветува регионални депонии, но уште нема ниедна

Државата никако да отпочне со изградба на регионални депонии за цврст отпад, иако неколку години јавноста слуша најави дека тоа само што не почнало. Стратегијата за отпад е донесена пред 17 години. Постојат и проекти. За некои од регионалните депонии дури се обезбедени и пари, но изградбата не почнува поради разни локални проблеми. Во интерес на општините и планските региони е да се договорат околу ова прашање, вели професорот Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет во Скопје. На начин ќе го решат ем проблемот со депонирањето на сметот, ем неговата селекција.

Advertisements

„…Мора да се најде решение бидејќи не можеме вака да продолжиме, после толку време да не можеме да изградиме ниедна. Дури и скопската, која е блиску до уредена депонија, не е прописна таква каква што треба да биде“, рече Трајче Стафилов, Професор на ПМФ.

Најголемиот дел од градовите сметот го фрлаат на сосема несоодветни места и вршат еколошка девастација на околните земјишта и на подземните води. Таков е случајот и со дивата депонија во Струга. Иако актуелната локална власт вети нејзина дислокација, тоа не се случи. Претоварната станица која беше изградена пропаѓа, но затоа за одржување и изградба на депонии за четири години локалните власти потрошија 800.000 евра. Решение на проблемот на национално ниво се гледа во изградба на регионални депонии. Една таква во југозападниот плански регион требаше да се изгради во општина Дебарца, но граѓаните не референдум тоа не го прифатија.

„Треба да им се објасни на луѓето на некој поприкладен начин дека регионалните депонии нема да имаат така негативно влијание, како што се шират во јавноста некои загрижувачки вести од регионалните депонии. Мое мислење е дека треба да се забрза и да се стави отпадот во Македонија да биде регулирано на едно повисоко ниво, како во европските држави“, изјави Лазар Николов-Македонско еколошко друштво.

Новата министерка за екологија, Каја Шукова, неодамна информираше дека државата веќе има добиено заем за изградба на депонии во пет региони. Но, прво треба да се направи соодветна локална инфраструктура, односно претоварни станици, локални централни депонии и да се обезбеди комунална опрема во општините./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button