ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата го прекрши рокот за избор на нов народен правобранител

Алсат дознава дека дури и на денешната координативна средба меѓу претседателот на Парламентот Талат Џафери и претседателите на пратеничките групи во Собранието не било разговарано за објавување на јавен конкурс за избор на нов народен правобранител. Се дискутирало за други прашања, како што се анти-ковид мерките што треба да ги одобри Собранието или за ребалансот на буџетот. Законскиот рок за објавување на овој конкурс е веќе прекршен. Тоа требаше да се стори најдоцна на почетокот на овој месец, бидејќи врз основа на Законот за народен правобранител, конкурсот треба да се отвори 3 месеци пред да му истече мандатот на актуелниот омбудсман. Мандатот на Иџет Мемети завршува на 24 декември. Од Мрежата за заштита од дискриминација го повторуваат нивниот апел, конкурсот да се отвори што е можно побрзо и изборот да се изврши врз основа на систем за заслуги.

Advertisements

Од оваа организација ќе побараат од Министерството за правда да воспостави поконкретни и построги правила за избор на народен правобранител. Според нив, законот што го регулира ова прашање треба да гарантира поголема транспарентност и инклузивност, бидејќи сегашниот го остава ова прашање целосно во рацете на политичките партии. Пред извесно време Алијансата за Албанците излезе со став дека оваа позиција треба да ѝ припадне на опозицијата. Едно од имињата што се шпекулираше за оваа функција беше кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, но од партијата не ги потврдија таквите гласини.

Подготви: Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button