
Државните резерви заедно со приватните гарантираат стабилност во однос на житото, наспроти потребите на домашната потрошувачка за една година. За една година, во земјава се произведуваат околу 250 илјади тони пченица, додека годишната потрошувачка е околу 300 илјади тони, што заедно со приватните компании, според министерот за економија обезбедуваат да нема недостиг од пченица и брашно.
„До следната жетва околу крајот на јули и почетокот на август, сите државни и приватни резерви го задоволуваат тоа што е потребно на внатрешниот пазар, а во меѓувреме со Србија и со другите земји од регионот кои имаат договори за соработка, како што е ЦЕФТА и билатералниот договор, без разлика дали е во областа на земјоделството или други делови од индустријата, подготвени сме да разговараме за регионот лесно да ја надмине оваа светска криза“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.