ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата не обезбедила доволно средства за здравствена заштита на граѓаните, а се утврдени и неправилности за потрошените пари

Државата не обезбедила доволно средства за здравствена заштита на граѓаните, а се утврдени и неправилности за потрошените пари

Здравствениот систем во земјата е во тотален  хаос. Државниот завод за ревизија утврди дека во текот на 2023 година, државата не обезбедила доволно средства за програмите за здравствена заштита на граѓаните. Според извештајот Министерството за здравство потрошило над 87 милиони евра за 23 програми, но е утврдено дека имало прекршувања при спроведувањето и дека тие не ги исполниле очекуваните резултати. Ревизијата, исто така, го критикува и неспроведувањето на капиталните проекти, што целосно ја влошува финансиската состојба на здравствениот систем.

Advertisements

„Ревизијата на Министерството за здравство за 2023 година утврди дека 23 програми за здравствена заштита се спроведени со недоволни средства, што влијае на ликвидноста на јавните здравствени установи, недостаток на лекови во некои периоди и слабости во контролите“, велат од Државен завод за ревизија.

За програмата за лекување на ретки болести, лекови беа обезбедени за 235 пациенти со вкупен трошок од 14,2 милиони евра, но ревизијата покажа дека не е извршена еволуција на ефектот од терапиите, а недостасуваа и податоци за трошоците и резервите на лекови.

Друга програма е онаа за обезбедување инсулин, каде што се потрошени околу 15 милиони евра, додека е утврдено дека не се спроведени превентивни активности, додека контролата на резервите е нецелосна.

За програмата за рано откривање на малигни заболувања беа потрошени околу 380 илјади евра, но очекуваниот ефект не беше постигнат. Ревизијата покажа дека вклученоста на населението беше мала, додека некои пациенти чекаа долго време или воопшто не ги добија резултатите од скринингот за рак на грлото на матката. Според извештајот, Министерството за здравство не исплатило 24,4 милиони евра на Фондот за здравствено осигурување на граѓаните во 2023 година, со што се влошила финансиската состојба на Фондот.

Здравствениот систем со години е  критикуван од страна на јавноста, особено поради финансиски злоупотреби. Еден таков случај беше скандалот со онкологија, каде што вработените се осомничени за кражба и продажба на терапии на пациенти со рак./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button