ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата нема да брза со олеснување на мерките против Ковид-19

Олеснувањето на рестриктивните мерки ќе зависи од бројот на новозаразени во текот на следните денови што ќе биде одраз на тоа колку се почитувани мерките за време на новогодишните празници. Заменик-министерот за здравство Илир Хасани, вели дека иако врз основа на извештајот на Министерството за внатрешни работи, се покажало дека немало бројни прекршувања на мерките за заштита, институциите нема да брзаат со нивно олеснување без претходно да ги видат податоците во следните денови. Траекторијата на нови дневни инфекции во споредба со истиот период минатиот месец е за 13% пониско.

Advertisements

„Намалувањето на бројот нè прави да дишеме послободно како граѓани на Република Северна Македонија, но исто така и како извршители и предлагачи на мерките. Сепак, повлекувањето на мерките ќе биде многу, многу внимателно. Ќе се обидеме да не се ослободуваме толку брзо бидејќи во епидемиологијата има и други бранови. Се надеваме дека наскоро ќе видиме малку светло на крајот од тунелот и наскоро ќе се обидеме да ја надоместиме изгубената 2020 година.“

Засега сепак нема конкретни информации кои мерки први би паднале во случај да се донесе одлука за олеснување. Министерот за здравство, Венко Филипче неодамна нагласи дека во рамките на олеснувањето на мерките, доколку се случи тоа, угостителските објекти би можеле да работат до 21 часот. Ова денеска го истакна за Алсат и неговиот заменик Хасани. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, бројот на заразени во периодот од 28 декември до 3 јануари е намален за 30% во споредба со претходната недела. Има намалување и на бројот на починати за 28%.

Подготви: Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button