ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Државата нема да ги казнува фирмите кои трошеа евтина струја, а продаваа скапо

Не 70, туку 85 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана струја при производството на храна не ги намалиле цените. Поминаа 16 дена како Владата им ја укина поевтината струја и на оние кои ги намалија цените, но не санкционира ниту една фирма која продолжи да го зголемува профитот на грбот на граѓаните. Од буџетот за оваа мерка беа потрошени неколку милиони евра. Државниот пазарен инспекторат сега топката ја префрла кај Владата, иако надлежностите за санкционирање се кај токму во рацете на инспекторите.

Advertisements

„Законска обврска немаме ние. Има Владата и Министерството за економија за понатамошните постапувања“, рече Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Ова тврдење е чудно затоа што Пазарниот инспектор изминативе денови веќе информираше колку казни напишале за фирми кои, на пример, не го продаваа лебот по цена од 33 денари.

Повеќе од 10 дена новоизбраниот директор на Пазарна, Горан Трајковски, ја игнорира телевизија Алсат, при што не одговора на прашања, СМС пораки и одбива да се јави на телефонските повици кои ги упативме лично кон него и неговата ПР служба. Побаравме информација, колку фирми кои не ги намалија цените, а имаа обврска да го сторат тоа, се казнети досега? Одговор не добивме иако истото прашање го доставивме и до Владата.

Одговорот којшто го бараше Алсат на прашањето: Колку од субвенционираните компании кои не го почитувале џентлменскиот договор, како што го нарекува власта е информација од јавен карактер, бидејќи половина од сметката за струја на компаниите се плаќа со народни пари?

Од Владата и од ресорното министерство велат дека ниту една компанија нема да биде казнета бидејќи за тоа требало закон. За иронијата да биде поголема, премиерот Димитар Ковачевски не само што не знае како да ги санкционира несовесните компании, туку ги препрати медиумите да бараат одговори од Стопанската комора зошто фирмите не ги намалиле цените. Експертите за Алсат веќе коментираа дека во пазарна економија не е дозволено да се носат избрзани мерки кои ќе подлежат на некакви „џентлменски договор“, туку сè мора да биде јасно и прецизно законски дефинирано во однос на обврските. Потоа, оние кои не почитуваат, треба да бидат санкционирани.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button