Државата нема програма за сексуално образование на девојчиња до 18 години

Во владината програма нема план за сексуално образование за малолетните девојчиња кои стануваат мајки и пред да наполнат 18 години. Гинекологот Лидија Јовчевска вели дека за разлика од минатите години овој тренд се намалува, но не е целосно исчезнат. Во текот на кариерата вели дека помагала во породувањето на малолетничка која немала уште 13 години. Според неа, тинејџерките кои раѓаат се изложени на ризик од разни инфекции, вклучително и ХИВ.
Девојките кои раѓаат деца на многу рана возраст исто така се изложени на ризик да бидат погодени од депресија.
„Има случаи, кажав постнатална депресија, еден од симптомите што се појавува е дека не го прифаќа детето, сме имале такви случаи кои за жал завршиле трагично………… но, случаите што не загрижуваат се кога мајката го отфрла детето и кога воопшто не го гледа, не се грижи за детето и потоа предизвикува здравствени проблеми бидејќи го блокира и процесот на доење“, вели Фатима Зибери, психолог.
Според психолозите, земјава доцни со сексуалното образование и менталното воспитување во основните училишта, имајќи предвид дека пубертетот кај младите започнува во многу рана возраст. Порачуваат процесот на сексуално образование да се започне од седмо одделение во основното образование. За годинава се уште нема податоци за бројот на тинејџери кои се породени на возраст под 18 години. Но, според минатогодишната статистика, 14 девојчиња станале мајки на возраст под 15 години, додека 584 девојчиња станале мајки на возраст од 15 до 19 години.
Линда Ебиби