ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата потфрли во борбата против сивата економија

Државата потфрли во борбата против сивата економија

Во ситуација кога во Македонија има ниво од околу 30 отсто сива економија, проектот Е-инспектор е на самиот почеток од реализацијата, иако беше најавен уште во февруари 2021, односно пред две години. Проектот имаше за цел софтверски да ги поврзе сите 28 инспекторати, но засега се поврзани само три. Од Инспекцискиот совет за Алсат велат дека процесот не е така брз.

Advertisements

„Во моментов избраната ИТ компанија работи на подобрување на функционалностите на системот, врз основа на што ќе се надградат и останатите модули, согласно спецификите на секој инспекторат посебно“, велат од Инспекциски совет.

До следната година ќе биле поврзани уште 16 инспекторати. На почетокот од 2021-вата Љупчо Николовски, кој тогаш беше вицепремиер за борба против корупцијата, посочи дека инспекциите со здружени сили ќе испорачуваат подобри резултати. Со проектот Е-инспектор треба полесно да се ловат непочитувачите на законите. Потоа од најавата, до официјалното претставување на проектот помина скоро една година.

„Ова праќа порака дека се воведува ред, правичност, дисциплина, дека законот ќе важи за сите, дека данокот ќе мора секој да го плати, дека не може да има повластени и недопирливи“, изјави  Лупчо Николовски, Тогашен Вицепремиер за борба против корупција..

Од оваа изјава на Николовски до денес поминаа речиси година и пол. Експертите велат дека мора ваквите проекти побрзо да се стават во функција.

„Платформата делумно е пуштена, не можеме да оцениме зошто е така, дали е политичка волја дали е проблем поради софтверската фирма или друг концепциски проблем“, нагласи Борче Треновски универзитетски професор.

Состојбата со корупцијата е на толку лошо ниво што пред извесен период Америка во земјава испрати истражители да ја ловат корупцијата кај функционерите кои се на високи државни позиции./Алсат.мк

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button