Државата засега не планира да го забрани Тик Ток
Државата засега не планира да го забрани Тик Ток

„Мрежата Тик Ток треба целосно да се забрани. „Децата треба да бидат следени од нивните родители на она што го гледаат на социјалните мрежи. Ова беа дел од одговорите на граѓаните прашани дали употребата на ТикТок треба целосно да се забрани.
Од друга страна, иако младите ја користат оваа апликација, велат дека родителите се тие кои треба повеќе да се едуцираат.
Државата нема да го забрани Тик-Ток, туку повеќе ќе се фокусира на едукација на родителите и децата. Според министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Владата не планира да ја ограничи употребата на „ТикТок“ по инцидентите каде некои деца завршија во болница со скршеници од предизвикот наречен „Супермен“.
Само во Скопје, во болницата „Мајка Тереза“ од предизвикот познат како „Супермен“, повеќе од 10 деца завршија повредени, дел од нив со скршеници. Најмладиот имал само 10 години./Алсат.мк
Авни Тахири