ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Државјаните на Македонија втори по барања за азил во ЕУ

Државјаните на Македонија втори по барања за азил во ЕУ

Постојано се зголемуваат апликациите на граѓаните на С Македонија за азил во која било од земјите на Европската Унија. Во текот на 2021 година во некоја од државите-членки аплицирале 5.345 граѓани, четири илјади повеќе од годината претходно. Според Евростат, земјите каде што нашите граѓани најчесто бараат азил се Германија и Франција.

Бројот на баратели на азил во ЕУ во последните четири години
2021- 5.345 барања
2020 – 1.360 барања
2019 – 4.230 барања
2018 – 4.885 барања

Освен за граѓаните на С Македонија, Германија е најпривлечна дестинација за барателите на азил воопшто. Повеќето од нив работат во услужниот и здравствениот сектори. Некои граѓани со кои зборувавме ни рекоа дека во првата можна прилика би ја напуштиле С Македонија. Според нив, овде нема нормални услови за живот.

“Во секој момент, што побрзо, толку подобро. Овде нема услови за живот”, рече еден граѓанин.

“Би се иселил. Едноставно нема живот овде, поради тоа”, ијави друг граѓанин.

“Да. Имав некои можности во минатото, но не ги искористив. Сега, да. Веднаш би заминал затоа што не сум задоволен од животот овде, нема култура, финансии, валкан град”, рече еден граѓанин.

“Да, во Германија. Поради невработеноста, тука нема ништо, целосна криза”, додаде друг.

“Да, да. За подобри услови за живот и подобра иднина. Тоа што најмногу ми пречи е тоа што не се цени трудот. Нешто што си научил, не се цени овде. Ако сте некој од високата класа, ќе имате приоритет за разлика од другите”, нагласи друг граѓанин.

„Не, за мене овде е татковината. Мислам дека ќе биде добро”, додаде друг.

Повеќе баратели за азил низ Европа пред С Македонија има само Албанија./Alsat.mk

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button