МАКЕДОНИЈА

„Државјанство“, Аазири: Не бараме ништо вонредно, туку право што им припаѓа на граѓаните

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири во „Емисија 200“ на Алсат, говорејќи за блокирањето на работата на собранието преку големиот број амандмани, рече дека коалицијата АШ-АА, со предлог – законот за државјанство не бара ништо вонредно, туку право што им припаѓа на граѓаните и е загарантирано со Уставот. Според него, државните институции треба да бидат во функција на граѓаните, и во функција на решавање на проблемите на граѓаните и да не бидат ограничувачи на нивните права.

Advertisements

„Не правиме ништо вонредно, освен дека покажуваме подготвеност од можностите што ги имаме да промовираме теми што се во наша програма и се од интерес на граѓаните. Нашата коалиција најконструктивно го поздрави 100-от ден на владата, период кој е заеднички за секоја Влада во светот и после тоа постепено започнавме да поставуваме теми. Првата и главна тема беше Законот за државјанство. И ние во нормална редовна постапка, го подготвивме нашиот предлог со 14 амандмани и го доставивме во редовна собраниска процедура и скоро два месеца Претседателот на Собранието не го обработува понатаму … Во моментов го предложивме нацрт-законот за државјанство , а-приори не верувавме како ќе помине ваков закон, затоа што немаме 61 пратеник, ние сме само 12 пратеници. Но, ние имаме морално право и законско право да го промовираме како тема и тоа е Собранието и собраниските тела каде ќе се дискутира. Но, тенденцијата да се земе правото да се дискутира за теми за нас е неприфатлива, особено кога станува збор за теми кои се од витално значење за животот на граѓаните“, рече Елми Азири, коалиција АШ-ААА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button