„Државјанство“, Нухиу до опозицијата: Продолжете да спиете, има некој што се грижи за Албанците

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во емисијата „Патот кон …“ на Алсат истакна дека проблемот со државјанството во земјава е проблем што датира од поодамна. Според него, ДУИ го откриле проблемот со државјанството уште од првата влада. Во меѓувреме, во врска со предлогот на опозицијата, тој рече дека позицијата на ДУИ во врска со ова е конзистентна.
„Пратениците на ДУИ гласаа за потребата да се донесе законот. Оваа иницијатива преземена од албанската опозиција е иницијатива за отворање тема, да се остави впечаток дека се разбудиле и да се покаже имагинарната сила дека можат пеш да го преминат морето. Затоа велам, продолате да спиете затоа што има некој што се грижи за Албанците … Законот за државјанство е неколку пати променет, неколку пати е изменет и дополнет. Три пати претставници на ДУИ иницираа измени и дополнувања на законот за државјанство. Се разбира, јавноста ги памети промените иницирани во 2004 година, тогашната опозициска ВМРО со недели ја блокираше работата на собранието со амандмани со образложение дека Ахмети и неговата партија сакаат да дадат државјанство на стотици илјади Косовари … сакам да се аргументира тезата дека прашањето за државјанството и проблемите со државјанството се променети неколку пати, така што граѓаните имаат полесен и побрз пристап“, рече Нухиу.