Државјанство, опозиција подготвена за преговори

И Алијанса за Албанците исто како и нивниот партнер во коалицијата Алтернатива, е подготвена дополнително да преговара за нивниот Нацрт закон за државјанство, за кој премиерот Зоран Заев рече дека не е целосно во согласност со она што било договорена на средбата. Потптретседателката на партијата, Бујаре Абази, рече дека усогласувањето ќе се случи на следниот состанок. Сè уште не е познато за кои точки власта има дилеми.
„Ако има аргумент во врска со критериумите што ги поставивме со кои се докажува дека граѓаните што живеат во Македонија тука биле и во времето на поранешна Југославија, тогаш има простор за дискусија. Како и да е, тоа е добар чекор и добра можност за сите оние кои долго време се без државјанство“.
Сè уште не е познато во кој формат може да биде следниот состанок, но претходните средби беа одржани меѓу претседателите Заев, Села и Гаши во присуство на министрите Спасовски и Маричиќ. Пратеничката група на СДСМ во моментов не открива детали, но вели дека нацртот на опозицијата е на разгледување во одделите за внатрешни работи и правда. Текстот предложен од опозицијата од редовите на Албанците предвидува два начина преку кои граѓаните ќе добијат статус на државјанин. Едното има врска со раѓањето на територијата на Македонија, а другото со натурализација. Вториот начин се однесува и за лица без државјанство, за кои се утврдуваат одредени законски услови што мора да бидат исполнети.
Да има наполнето 18 години;
До поднесувањето на барањето да живеел (законски) во РСМ;
Да има обезбедено живеалиште и континуирани средства за живот;
Да не биде осуден на затвор во РСМ или државата во која живее;
Да не се гони кривично во РСМ;
Fatlume Dervishi