ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори од политичките партии за врска со изборите на 17 октомври

Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори од политичките партии за врска со изборите на 17 октомври. Жалбите што беа разгледани беа малку, бидејќи самите партии ги повлекоа повеќето пред почетокот на седницата. Жалбите целосно ги повлекоа СДСМ и ДУИ, а ВМРО ДПМНЕ остави само две за изборниот молк, кои исто така беа одбиени. Жалбата што требаше да го промени изборниот резултат во Дебар беше за избирачкото место 0543. Алијанса за Албанците и Алтернатива како подносители сметаа дека има неправилности во пополнувањето на записникот, недостасуваат потписите на членовите на избирачкиот одбор и дека процесот го води претседателот на одборот, кој претходно беше разрешен од Општинската изборна комисија. Тие бараа прегласување на ова избирачко место. Ова предизвика реакции кај членовите на ДИК. Кренар Лога сметаше дека записникот не е валиден бидејќи не бил потпишан од повеќето членови на избирачкиот одбор, а избирачкото место го водел претседател кој претходно бил разрешен од ОИК.

„Според жалбата, исполнети се сите услови избирачкото место 0543 да оди на повторно гласање. Пред нас е записникот кој не е потпишан од избирачкиот одбор, значи не е потпишан според член 117, став 4, од Општинската изборна комисија“.

Отфрлени се и шесте приговори на Левица, за нерегуларности за кои сметаа дека се случиле на неколку избирачки места во Штип и Кисела Вода. Членовите на ДИК жалбите ги оценија за неосновани, а и претставникот на „Левица“ призна дека имаат пропусти во поседувањето на факти.

Исто така, отфрлени беа и жалбите од Движењето „Одлучни за промени“ и од Демократската партија на Турците.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button