Државната ревизија разгледува можна финансиска злоупотреба на онкологија
Државната ревизија разгледува можна финансиска злоупотреба на онкологија

Колку се подлабоки истрагите на Клиниката за онкологија, толку повеќе скандали излегуваат на виделина. Според медицинските извештаи кои ги обезбеди Алсат, организацискиот директор на клиниката, Нехат Нухи, во системот внел дел од членовите на неговото семејство, наводно со лажни дијагнози на рак, за во секое време да добиваат скапи терапии за бесплатни услуги во секоја друга јавна здравствена установа. Овие документи покажуваат дека пациентот Е.Н. 71 година во системот се појавува во периодот 2021-2022 година со неколку различни дијагнози на рак: C.34, D.64.9, C34.9, но никогаш не бил хоспитализиран.
Истиот модел наводно го користеле и други вработени во клиниката, со внесување на членови на нивните семејства во системот.
Државниот завод за ревизија врши увид во целата документација за да се потврдат сомнежите за финансиска злоупотреба на Клиниката за онкологија. Алсат стигна до некои пропусти кои се констатирани со 1/3 од обработката на овие податоци.
Од ревизија ниту ги потврдуваат, ниту ги демантираат ваквите информации на Алсат.
„Согласно Законот за ревизија, при инспекциската постапка во ниту една институција, наодите не ги објавуваме јавно. Во Клиниката за онкологија ревизорите ќе работат до 31 јануари, по што има законски рок клиниката да се жали на извештајот и да ги дополни потребните документи. Според процедурата, конечен извештај за Клиниката за онкологија ќе имаме финализиран во првиот квартал од 2023 година“, велат од Државен завод за ревизија.
Предмет на ревизија се и пациенти кои со години умираат од рак, како што претходно откри Алсат за покојниот Томе Димовски. Имено, тој и понатаму се водел како пациент и за него се праќала терапија, иако починал уште во 2014 година од рак на желудникот. Колку други вакви случаи постојат преку кои евентуално се крадат лекови, како и за сите други злоупотреби, треба да утврди ревизијата и потоа да пријави до Министерството за здравство и Јавното обвинителство.