Државниот архив ги демантира обвинувањата на Софија

-Ова е една од 43-те оригинални песни што ги имаме од Гоце Делчев, напишани под псевдонимот Ахил. Тоа е преписка со неговите соборци и пријатели, и ние ги чуваме во нашите магацини. Ова е копија од документот на нашата азбука. Ова е документот за нашата химна.
Шефот на архивата, Емил Крстевски, во изјава за Алсат, ги демантираше обвинувањата на Софија, за нетранспарентност и цензура на на Државниот архив, истакнувајќи дека институцијата има редовни посетители, вклучително и експерти и студенти од Бугарија. Крстевски потврди дека Архивот има одлични односи со Бугарскиот архив.
Снежана Велковска од Институтот за македонски јазик, проценува дека нападите од Софија имаат политичка позадина, и немаат никаква врска со науката. Според Велковска, дури е нелогично е да се реагира на каков било напад што доаѓа од источниот сосед, нагласувајќи дека јазичните институции веќе го дале најдобриот одговор преку многу објавени книги, заедно со меѓународните лингвисти.
Велковска вели дека вистината за независноста на македонскиот јазик е поткрепена со научни факти, и дека сите документи ќе бидат дигитализирани многу скоро. Ден претходно, членови на Комисијата за историја и Институтот за бугарски јазик обвинија дека Северна Македонија е Северна Кореја на Балканот, која фалсификува сè, и не дозволува никому пристап до архивата, каде што се зачувани оригиналните документи.
Анеса Салиху