ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Државните енергетски компании за електропреносни системи од Македонија и од Косово, МЕПСО И КОСТТ, склучија договор за заедничко организирање на аукции за тргување на електрична енергија помеѓу двете земји

Државните енергетски компании за електропреносни системи од Македонија и од Косово, МЕПСО И КОСТТ, склучија договор за заедничко организирање на аукции за тргување на електрична енергија помеѓу двете земји. Ваквата поволност Косово ја добија по стапувањето во полноправното членство во Европската асоцијација на преносни системи или оператори. По самото потпишување е договорена и првата аукција за закуп во двата правци преку 400 киловолтниот далновод преку кој се поврзани Косово и Македонија. Косовскиот систем сега е полноправен член на европската асоцијација и со тоа ќе може самостојно да ги организира аукциите на расположливите прекугранични капацитети со соседните земји.

Advertisements

„Овој договор е продолжение на исполнувањето на обврските коишто произлегуваат од членството во ЕНТСО –Е, и негова цел е развој на регионалните пазари на електрична енергија и зајакнување на сигурноста на напојувањето за граѓаните од двете земји.“

„Слободно може трговците да тргуваат со електрична енергија. За почетокот овие аукции се координираат од зедничката координативна куќа ЦАО, а во следниот период ќе може да се направат и месечни аукции. Наша цел е создавање на фер и слободна трговија и економски раст помеѓу двете земји. “

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button